• петок, 03 мај 2024

Кабинет на Пендаровски: Александар Николоски е последниот функционер што треба да зборува за криминал

Кабинет на Пендаровски: Александар Николоски е последниот функционер што треба да зборува за криминал

 Скопје, 18 март 2024

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет не користеле никогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти.

Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети.

Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори ќе биде претседателот Пендаровски.

Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за платата на претседателот Пендаровски.

Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана.

 Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

фото: МИА архива

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан