• среда, 18 декември 2024

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Коалицијата „Менуваме“ бара  лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“ преку соопштение бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот на земјава.

-Остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички  живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно Конвенцијата на лицата со хендикеп и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост. Комитетот е загрижен дека член 9 од Уставот на државата - членка не ја споменува попреченоста како основа за дискриминација. Затоа бараме признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот на Македонија, се наведува во соопштението на Коалицијата „Менуваме“.

Од Коалицијата бараат и измена и дополнување на Уставот на Северна Македонија и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп.

Напоменуваат дека земјава ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации во 2011 година. Посочуваат дека земјава е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост. фф/вг/

Фото: Коалиција „Менуваме

Остани поврзан