• петок, 22 ноември 2024

Итна седница на СБ на ОН за Нагорно-Карабах

Итна седница на СБ на ОН за Нагорно-Карабах
Њујорк, 28 септември 2020 (МИА) - Советот за безбедност на Обединети нации на барање на европските држави утре ќе одржи итна седница за Нагорно-Карабах, каде во тек е судир помеѓу ерменската и азербејџанската армија. Германија и Франција ја покренаа иницијативата, а беа поддржани и од Естонија, Белгија и Велика Британија. Седницата на СБ ќе се одржи зад затворени врати. Според најновите информации во судирот загинаа најмалку 67 луѓе. Ерменија и Азербејџан со децении се борат за Нагорно-Карабах, област претежно населена со Ерменци, која за време на СССР беше припоена кон Азербејџан. Во судирите за контрола врз Нагорно-Карабах во периодот од 1988 до 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а повеќе стотици илијади луѓе ги напуштија своите домови. Во 1994 година потпишано е примирје, но Баку и Ереван не се договорија за правниот статус на спорната област, која официјално и понатаму е дел од Азербејџан. Оттогаш има спорадични судири во Нагорно-Карабах, што се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција. ми/

Остани поврзан