• недела, 22 декември 2024

Италија ќе инкасира 2,8 милијарди евра од данокот на дополнителна добивка на енергетските компании

Италија ќе инкасира 2,8 милијарди евра од данокот на дополнителна добивка на енергетските компании

Рим, 11 јули 2023 (МИА) – Италија годинава од даноци на дополнителен профит од енергетските компании собра околу 2,8 милијарди евра, повеќе отколку што очекуваше владата, изјавија неименувани извори.

Италијанското Министерство за финансии во декември прогнозираше дека приходот ќе изнесува околу 2,6 милијарди евра.

Портпаролот на Министерството за финансии истакна дека не може да ги потврди бројките, бидејќи тие не се конечни.

Според буџетот за 2023 година, обврска да го платат овој данок имаа околу 7.000 производители и продавачи на електрична енергија, гас и нафтени деривати.

Рокот за плаќање е одреден до крајот на јуни, но на некои компании им е дозволено да го платат данокот во јули.

Годинешниот екстра данок на добивка го замени данокот од 2022 година, кој донесе сличен износ во државната каса, но многу компании го критикуваа и одбија да го платат.

Италијанскиот министер за енергетика Жилберто Пичето Фратин минатата недела наведе дека е уверен дека Владата можеби нема да мора повторно да го воведе во иднина бидејќи скокот на цените на енергијата постепено се намалува. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан