• сабота, 23 ноември 2024

Италијански истражувачи откриле микропластика во човечка плацента

Италијански истражувачи откриле микропластика во човечка плацента

Рим, 9 декември 2020 (МИА) - Истражувачи од две италијански болници и универзитети за првпат откриле микропластика во човечка плацента.

Истражувачи од римската болница „Фатабенефератели“ и Политехничкиот универзитет во Анкона го објавија ова во Меѓународниот магазин за заштита на животната средина, наведувајќи дека присуството на пластика во телото го нарушува имунитетот.

„Тоа е како да носиш киборг - повеќе не се состои само од човечки клетки, туку од мешавина од биолошки и неоргански субјекти“, нагласи водачот на студијата Антонио Рагуза од одделот за акушерство и гинекологија, додавајќи дека мајките биле шокирани кога дознале за тоа

Болницата „Фатабенефератели“ е една од водечките во Рим специјализирана за педијатрија. паг/

Остани поврзан