• вторник, 11 март 2025

Истражување: Речиси две третини од Французите не се задоволни од изборот на Франсоа Бајру за премиер

Истражување: Речиси две третини од Французите не се задоволни од изборот на Франсоа Бајру за премиер

Париз, 19 декември 2024 (МИА) - Околу 64 отсто од Французите се незадоволни од именувањето на Франсоа Бајру за премиер, покажува истражувањето.

Анкетата, нарачана од Radio Sud од агенцијата Ifop-Fiducial меѓу 1.000 луѓе на 17 и 18 декември, ги прикажува предизвиците со кои се соочува Бајру за да ги спроведе реформите и да го намали дефицитот на Франција.

Шеесет и седум отсто од испитаниците веруваат дека новата влада наскоро ќе се соочи со гласање за недоверба - слично на кабинетот на соборениот Мишел Барние, покажа истражувањето. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан