• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Децата зачнати по катастрофата во Чернобил немаат ДНК мутации

Истражување: Децата зачнати по катастрофата во Чернобил немаат ДНК мутации
Вашингтон, 24 април 2021 (МИА) - Децата чии родители беа изложени на радијација од Чернобил немаат голем број на ДНК мутации, покажуваат резултатите од новото истражување, изјави Стивен Ченок од Националниот институт за карцином на САД. Ченок наведе дека во истражувањето биле вклучени 130 семејства и се споредувала ДНК на родителите кои беа изложени на радијација во Чернобил во 1986 година и на нивните деца зачнати по несреќата . Резултатите од истражувањето сугерираат дека ДНК на децата зачнати по несреќата во Чернобил немаат поголеми мутации во споредба со другите деца. Тоа е меѓу првите истражувања што систематски ги проценува промените во стапката на мутација кај луѓето кои биле изложени на радијација. Истражувањето покрај што обезбедува нови сознанија за тоа како радијацијата влијае врз човечкото тело,резултатите треба да им помогнат на другите луѓе, кои можеби биле изложени на радијација, како тие што живеат во близина на Фукушима, Јапонија, за да се охрабрат да се вратат во своите домови или да планираат семејство. ми/

Остани поврзан