• петок, 22 ноември 2024

Истражувачката сторија за исчезнати деца мигранти во ЕУ добитник на Наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година

Истражувачката сторија за исчезнати деца мигранти во ЕУ добитник на Наградата „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година

Брисел, 24 октомври 2024 (МИА) - Заедничката истражувачка сторија за исчезнувањето на деца мигранти без придружба во ЕУ насловена „Изгубени во Европа“ на група медиуми од Германија, Италија, Грција, Холандија, Белгија, Ирска и Велика Британија, е добитник на Новинарската награда „Дафне Каруана Галиција“ за 2024 година. 

Сторијата открива дека во периодот меѓу 2021 и 2023 година најмалку 51.433 деца мигранти без придружба исчезнале по пристигнувањето во европските земји. 

По повод доделувањето на Наградата, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола оцени дека преку работата на новинарите. кои „живеат за да ја кажуваат вистината и одбиваат да бидат замолчени“ продолжува наследството на Дафне Каруана Галиција. 

- Нивната борба за правда надвладува над заканите кои се обидуваат да ја поткопаат нивната важна работа. За слободата на печатот не може да се преговара. Седум години по убиството на Дафне, ние продолжуваме да го почитуваме нејзиниот спомен со Награда која не потсетува на долгогодишната посветеност на овој Парламент кон овие фундаментални вредности, додаде Мецола. 

Сторијата „Изгубени во Европа“ открива дека од 2021 година секојдневно во просек исчезнуваат речиси 47 деца мигранти откако ќе пристигнат во некоја од европските земји, вклучително и  

Австрија, Германија и Италија. Според авторите, бројката на исчезнати деца мигранти можеби е поголем, бидејќи на некои земји немаат конзистентна и целосна документација за пристигнатите мигранти. 

Оваа сторија се надоврзува на истоимената приказна од 2021 година во која беше посочено дека во периодот 2018 и 2020 година во Европа исчезнале над 18.000 деца мигранти. 

Наградената сторије е дела на „Стандарт“, „Кнак“ и ВРТ од Белгија, „Смол Стрим Медија“ од Холандија, РББ и „Тагесхау“ од Германија, АНСА и „Домани“ од Италија, „Ефимерида тон Синтактон“ од Грција, „Џурнал“ од Ирска и британската редакција на Си-Ен-ЕН. 

За овогодишната награда „Дафне Каруана Галиција“ на конкурсот што траеше помеѓу 3 мај и 31 јули, свои истражувачки стории доставија стотици новинари од 27-те земји членки на ЕУ. Од пријавените 318 стории, стручното жири избра 13 кои влегоа во потесниот избор за наградата.  

Наградата беше воведена од страна на Европскиот парламент во декември 2019 година во чест на малтешка истражувачка новинарка и блогерка Дафне Каруана Галиција, која беше убиена при експлозија на автомобил-бомба во 2017 година. 

Наградата се доделува на новинарски стории што ги промовираат или брани основните принципи и вредности на Европската Унија, како што се човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човечкото права. Сториите кои имаат право да конкурираат за наградата треба да биле објавени или емитувани од медиуми со седиште во една од 27-те земји членки на ЕУ. Покрај признание, таа содржи и паричната награда од 20.000 евра. сп/

Фото: ЕП

Остани поврзан