• понеделник, 23 декември 2024

Истрага против дилер на дрога од Битола, марихуаната ја криел во бебешка количка

Истрага против дилер на дрога од Битола, марихуаната ја криел во бебешка количка
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во домот на осомничениот на 8 април, во стан на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола, полицијата пронашла 24,77 грама марихуана, во стаклена тегла скриена во бебешка количка. Осомничениот, како што информираат од ЈОРСМ, дрогата ја препродавал на наркозависници од Битола, за што е обезбеден доказ и во форма на вербални искази на сведоци, кои во периодот од 06.12.2021 до 08.04.2022 година набавувале марихуана и амфетамини од осомничениот. Поради опасност од бегство на осомничениот, можност за влијание врз сведоците и повторување на делото, јавниот обвинител пред надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор.​​ аа/са/

Остани поврзан