• среда, 03 јули 2024

Истече субвенционирањето за бесплатен градски превоз во Куманово, советниците утре ќе носат одлука дали да продолжи до октомври

Истече субвенционирањето за бесплатен градски превоз во Куманово, советниците утре ќе носат одлука дали да продолжи до октомври

Куманово, 2 јули 2024 (МИА) - Советниците утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз. Во образложението на одлуката доставена до медиумите денеска е наведено дека „за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници Општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 50.000.000 денари со данок на додадена вредност за период од 10 (десет) месеци почнувајќи од 01. јануари, заклучно со 31. октомври годинава.

Од општината сметаат дека со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници произлегува од големиот интерес од страна на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, затоа се предлага да се продолжи наредните четири месеци.

На 30 јуни годинава истече субвенционирањето на бесплатниот автобуски превоз во Куманово. Последната одлука Советот на општината ја донесе во декември лани. Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз, кој според нив, треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Кумановци реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста.

Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина. ам/цр


Фото: МИА 

Остани поврзан