• сабота, 23 ноември 2024

Исплатени 203,3 милиони денари дополнителна поддршка на 1 955 земјоделски стопанства за предадени јаболка

Исплатени 203,3 милиони денари дополнителна поддршка на 1 955 земјоделски стопанства за предадени јаболка

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што финансиска поддршка добија 1 955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203,3 милиони денари.

Дополнителните субвенции од три денари за килограм, ги добија земјоделски стопанства корисници на мерката за одржување постоечки јаболкови насади кои оствареното производство на јаболка од 15 септември 2022 година до 15 мај 2023 година го имаат предадено кај регистрирани преработувачки капацитети или кај регистриран откупувач – запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

-По завршувањето на аплицирањето за дополнителната мерка од 3 денари / кг предадено јаболко, Агенцијата успешно ги заврши админситративните контроли на пристигнатите апликации и контролите на лице место кај откупните претпријатија по што денес се реализира и самата исплата. Дополнително, пред крајот на 2023 година сите јаболкопроизводители ги добија авансните исплати на директните плаќања за оддржување на овошно насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари на хектар, вели Бачовски.

Според Платежната агенција, поддршката за јаболкопроизводителите продолжува и во 2024 година. Во Програмата за финансиска поддршка на земјоделството е предвидена мерка со која ќе бидат опфатени сите јаболкопроизводители кои во периодот од 15 септември 2023 година до 15 јануари 2024 година го имаат предадено своето производство во регистрирани откупувачки или преработувачки капацитети. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан