• вторник, 07 мај 2024

Исплатените директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици

Исплатените директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги реализираше исплатите за секторите живинарство и свињарство. Како што информира, 36 земјоделски стопанства кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 година, добија финансиска поддршка од 82 милиона денари.

Висината на финансиската поддршка е 120 денари по несилка.

За мерката за женски приплодни грла маторици се исплатени 256 земјоделски стопанства кои одгледуваат минимум пет маторици и  ги чувале до 30.11.2023 година. Исплатената финансиска поддршка изнесува седум милиони денари, а висината на директните плаќања е 1 000 денари по грло маторица. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан