• среда, 16 октомври 2024

Исламабад под блокада поради безбедносни ризици пред состанокот на Шангајска организација за соработка

Исламабад под блокада поради безбедносни ризици пред состанокот на Шангајска организација за соработка

Исламабад, 15 октомври 2024 (МИА) – Пакистанските власти воведоа строга блокада на Исламабад, распоредена е армијата, а главните патишта се затворени поради повеќекратните напади на милитантите пред состанокот на Шангајската организација за соработка (СЦО).

Во Исламабад и во Равалпинди, почна тридневниот состанок на Шангајската организација за соработка, на кој ќе се разговара за зајакнување на безбедносната соработка и економските врски.

Тензиите се зголемија по неодамнешните напади во северозападен Пакистан, каде милитантните групи убија десетици луѓе. Пакистанските власти често ги обвинуваат забранетите пакистански талибанци за насилството, додека авганистанската Влада тврди дека не дозволува нејзина територија да се користи за напади.

СЦО е формирана на 15 јули 2001 година од лидерите на Казахстан, Кина, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Индија и Пакистан станаа полноправни членки на 9 јуни 20217 година, а на 17 септември 2021 година. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан