• среда, 01 јануари 2025

Искусниот Марио Руи го напушта Наполи

Искусниот Марио Руи го напушта Наполи

Неапол, 29 декември 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Наполи, Марио Руи ќе го напушти клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, Португалецот (33) и Наполитанците преговараат за раскин на договорот. Во блиска иднина фудбалерот ќе стане слободен агент.

Во тековната сезона Руи нема одиграно ниту еден натпревар. Во сезоната 2023/24 тој запиша две асистенции на 28 натпревари. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан