• петок, 03 јануари 2025

Плимут ја раскина соработката со Руни

Плимут ја раскина соработката со Руни

 

Плимут, 31 декември 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски второлигаш Плимут денеска со заемна согласност ја прекина соработката со тренерот Вејн Руни по серијата од девет натпревари без победа.

Поранешниот англиски репрезентативец Руни седна на клупата на Плимут во мај и си заминува по седум месеци, оставајќи го тимот последен во табелата во Чемпионшип со 18 бодови од 23 натпревари.

„Плимут потврдува дека клубот и тренерот Вејн Руни ја прекинаа соработката со заедничка согласност и оваа одлука ќе стапи во сила веднаш“, соопшти клубот.

Руни им се заблагодари на сопствениците и раководството на клубот за соработката и довербата, како и на своите колеги и навивачи за поддршката.

„Плимут секогаш ќе има посебно место во моето срце и ќе продолжам да ги гледам и да ги следам резултатите“, изјави 39-годишниот Руни. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан