• понеделник, 23 декември 2024

Исклучително тесна изборна трка во Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин

Исклучително тесна изборна трка во  Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин

Хелсинки, 2 април 2023 (МИА) – Во Финска предмалку заврши  гласањето за парламентарните избори, а во моментов се  пребројуваат гласачките ливчиња, пренесуваат британските медиуми.

Според првичните податоци од гласањето, десничарската опозициска Национална коалициска партија на Петери Орпо води со 20,8 отсто, а  финската Социјалдемократска партија на премиерката Сана Марин е речиси израмнета со 20,7 отсто од гласовите, наведуваат британските медиуми.

На трето место е националистичката, евроскептична и антиимигрантска партија Финци“, на Рика Пура со 18,6 отсто. сд/

 

Остани поврзан