• недела, 22 декември 2024

Ирачката армија продолжува со операциите со коалициските сили

Ирачката армија продолжува со операциите со коалициските сили
Багдад, 30 јануари 2020 (МИА) - Ирачката армија денеска соопшти дека ги продолжува своите операции со коалициските сили предводени од САД против Исламска држава. Операциите беа запрени по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и иранските напади врз бази во кои има американски сили. - За да се искористи времето што и е преостанато на меѓународната коалиција пред да се воспостават нови односи ... одлучено е да се спроведат заеднички акции што ќе им овозможат на нашите сили да се борат со Исламска држава, се вели во соопштението. јт/

Остани поврзан