• понеделник, 23 декември 2024

Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив

Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив

Техеран, 24 декември 2023 (МИА) - Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност откако Москва и арапските земји издадоа заедничка изјава претходно оваа недела, оспорувајќи ги претензиите на Иран за спорните острови во Персискиот Залив.

Новинската агенција ИРНА јави дека рускиот дипломат бил повикан вчера и му била врачена нота за достава до Москва во која Техеран протестира против изјавата на Шестиот арапско-руски форум за соработка издадена во Мароко, во која се повикува на мирно решавање на конфликтот меѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати над островите.

Претходно вчера, министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабодлахиан, му кажа на својот руски колега по телефон дека „почитувањето на суверенитетот и интегритетот на земјите е меѓу основните принципи во односите меѓу народите“.

Ова е втор случај годинава Иран да повика руски претставник во знак на протест поради коментарите за спорните острови. Првиот пат тоа се случи во јули. ссм/

фото: архива

Остани поврзан