• понеделник, 06 април 2026

Јордан ќе ги обесштети граѓаните чиј имот беше погоден од војната на Блискиот Исток

Јордан ќе ги обесштети граѓаните чиј имот беше погоден од војната на Блискиот Исток

Аман, 6 април 2026 (МИА) – Владата на Јордан соопшти дека ќе ги обесштети граѓаните чии имоти се разурнати од нападите со дронови и ракети во војната на Блиски Исток.

- Владата одлучи да им исплати отштета на граѓаните чии домови, бизниси или лични возила се оштетени од уништувањето предизвикано од актуелните регионални настани. Отштета ќе биде обезбедена врз основа на процени на штетите подготвени од техничките комитети, се наведува во владиното соопштение.

Јорданската армија претходно соопшти дека 281 ирански беспилотни летала и ракети биле насочени кон кралството од почетокот на израелско-американската воена операција против Иран на 28 февруари, од кои 261 биле пресретнати.

Во иранските одмаздничките напади врз Јордан повредени се 29 лица, а уништени се 31 возило, 59 домови и бизниси и 16 јавни згради.

Во Јордан нема странски воени бази, туку ограничени воени контингенти од неколку земји се стационирани во посебни објекти според договорите за меѓусебна одбрана и соработка.

Јордан и другите земји од Персискиот Залив соопштија дека нема да дозволат нивната територија да се користи за напади против Иран. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан