• сабота, 23 ноември 2024

Иран го одби пристапот на американските инспектори до нуклеарниот комплекс во Карај

Иран го одби пристапот на американските инспектори до нуклеарниот комплекс во Карај

Техеран, 28 септември 2021 (МИА) - Иран денеска го отфрли повикот на САД да им дозволи на инспекторите на Обединетите нации пристап до нуклеарниот комплекс во иранскиот град Карај. Официјален Техеран објави дека Вашингтон, кој не го осуди диверзантскиот напад врз тој објект, не е квалификуван да бара инспекциски надзор, јави иранската државна агенција ИРНА. - Земјите кои не ги осудија терористичките акти на иранската нуклеарна локација не се квалификувани да коментираат за тамошните инспекции, рече Мохамед Еслами, шеф на иранската Организација за атомска енергија, за време на посетата на Москва.
САД вчера соопштија дека Иран мора да престане со забрана на нуклеарната агенција на ОН да пристапува до постројката за производство на центрифуги за збогатување ураниум во Карај, во согласност со договорот од пред две недели, или во спротивно ќе се соочи со дипломатска одмазда. паг/  

Остани поврзан