• сабота, 23 ноември 2024

Информативна сесија за фондови што финансираат проекти во областа на културата

Информативна сесија за фондови што финансираат проекти во областа на културата
Скопје, 14 октомври 2022 (МИА) - Во ЕУ-инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи информативна сесија што има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во земјава. Како што најавија организаторите, настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата (Mobility Funding Guide for the Balkan Region), кој ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со споментатите фондови, начини на аплицирање и можност за соработка со други културни институции од Европа и регионот. Дополнително, настанот ќе понуди можност за разговор и потенцијално вмрежување на претставници од институции поврзани со независната сцена и националните културни институции од земјата кои ќе можат да разменат знаења и пракси. Информативната сесија ќе ја предводи д-р Филип Петковски кој беше дел од работилницата за развивачи на културна мобилност (cultural mobility developers), поддржана од организациите Motovila (Љубљана) и On The Move (Брисел) која се одржа меѓу 26 и 28 септември во Љубљана и Крањ во Словенија. бт/нд/

Остани поврзан