• недела, 22 декември 2024

Инфантино: Благосостојбата на фудбалерите останува приоритет за ФИФА

Инфантино: Благосостојбата на фудбалерите останува приоритет за ФИФА

Лондон, 19 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека благосостојбата на фудбалерите „останува приоритет“ за ФИФА во недела кога синдикатите поднесоа жалба против организацијата до Европската комисија.

Фудбалските синдикати и лиги го обвинија раководното тело за злоупотреба на својата доминантна позиција според законот на ЕУ за натпреварување.

Инфантино на социјалната платформа Инстаграм објави своја фотографија со претседателот на шпанскиот синдикат АФЕ, Давид Агансо во Мајами, САД.

-ФИФА продолжува да работи со организациите на играчите за да се осигура дека благосостојбата на играчите останува приоритет и со нетрпение очекувам да продолжам да работам за да ја постигнеме оваа цел, напиша Џани Инфантино на Инстаграм.

ФИФПро Европа, континенталниот дел на владејачкото тело на светскиот фудбал, одби да коментира, но извори за агенциите изјавиле дека средбата на Агансо со Инфантино била приватна.

Закажувањето на Светското клупско првенство се смета за пресвртница во ескалацијата на акциите против ФИФА. Турнирот во САД нема да заврши до 13 јули, оставајќи малку време за одмор во вонсезоната пред да започнат подготовките за домашните првенства.

ФИФА инсистираше на тоа дека договорот за календарот е резултат на опсежни консултации и ги обвини големите лиги за лицемерие бидејќи многумина, вклучително и Премиер лигата, планирале свои претсезонски настани. дс

Фото: Архива

Остани поврзан