• четврток, 18 јули 2024

Инуит Атакатигит победи на предвремените парламентарни избори на Гренланд

Инуит Атакатигит победи на предвремените парламентарни избори на Гренланд
Нук, 7 април 2021 (МИА) -  Главната опозициска партија на Гренланд, левичарската партија Инуит Атакатигит (ИА) освои најголем број гласови на вчерашните предвремени парламентарни избори, покажуваат официјалните резултати. ИА освои 36,6 проценти од гласовите, додека  социјалдемократската партија Сиумут на премиерот Ким Килсен освои 29 отсто. Лидерот на Сиумит, Ерик Јенсен му ја честиташе победата на 34-годишниот лидер на партијата ИА, Мут Буруп Егеде. На Егеде за формирање коалициска влада ќе му требаат најмалку 16 од 31 место во Парламентот. Дополнително треба да се утврди колку места во Парламентот освоиле партиите. Причината за предвремените избори беше распадот на претходната коалиција под водство на Килсен, кој беше премиер од 2014 година. На крајот на 2020 година, тој го загуби лидерското место во партијата од Јенсен, кој исто така имаше претензии за премиерското место. Внатрепартиската борба за моќ во Сиумут, заедно со спорот околу рударскиот проект за ископ на ураниум и ретки метали го подели арктичкиот остров и предизвика политичка криза. ми/  

Остани поврзан