• петок, 22 ноември 2024

Иницијаторите на фудбалската Суперлига најавуваат нов концепт

Иницијаторите на фудбалската Суперлига најавуваат нов концепт
Берлин, 15 октомври 2021 (МИА) - Иницијаторите на фудбалската Суперлига, чиј првичен концепт пропадна под жесток притисок на бројни институции и јавноста, сè уште не се откажале од намерата да го заживеат новото натпреварување, јави германската новинска агенција ДПА. Весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ пишува денеска за промени во концептот на Суперлигата, замислена како алтернатива на Лигата на шампиони на УЕФА, според кои во новото натпреварување би учествувале 20 најдобри екипи, со можност и за таканаречена „втора лига“ со дополнителни 20 тима, од кои сите би продолжиле да играат во своите национални лиги. Германските новинари наводно имале увид во документот, кој открива некои нови правила во обидот да заживее Суперлигата, а истовремено содржи и критики за постојните натпреварувања во организација на УЕФА. Зад идејата за формирање Суперлига останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, а другите девет иницијатори се повлекоа. ег/ми/

Остани поврзан