• вторник, 23 јули 2024

Инзаги доби отказ во Салернитана

Инзаги доби отказ во Салернитана

 

Салерно, 11 февруари 2024 (МИА) – Калчолигашот Салернитана му врачи денеска отказ на својот тренер Филип Инзаги, кој на клупата на последнопласираниот тим во Серија А се задржа само 18 натпревари.

Салернитана на своето конто има 13 бодови, со две победи и седум нерешени.

Последниот од вкупно 15-те порази сезонава го претрпе во петокот против Емполи (1-3), што доведе клупското раководство да ја раскина соработката со Инзаги.

Педесетгодишниот Инзаги пред ангажманот во Салернитана беше на клупата на Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња и Венеција, а во сезоната 2014/15 го предводеше Милан во кој остави голема трага како фудбалер. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан