• сабота, 17 август 2024

Индија најави регионални избори во Кашмир

Индија најави регионални избори во Кашмир

Њу Делхи, 16 август 2024 (МИА) - Индија денеска најави избори во три фази за Парламент на спорниот регион Кашмир, кои ќе почнат на 18 септември.

Тоа ќе бидат први избори откако Владата на премиерот Нарендра Моди му ја одзеде полуавтономијата на регионот со мнозинско муслиманско население во 2019 година и го деградираше на територија под федерална контрола. 

Со регионот управува администратор назначен од индиската Влада.

Изборите ќе се одржат до 1 октомври во постепен процес што ѝ овозможува на државата да распореди десетици илјади војници за да спречи какво било избивање на насилство. Гласовите ќе се пребројуваат на 4 октомври.

Но, тамошното Собрание тешко дека ќе има какви било овластувања, туку само номинална контрола на образованието и културата. Законите за тој регион и натаму ќе бидат усвојувани во индискиот Парламент, а политичките одлуки ќе се носат во Њу Делхи.

Локалните политичари побараа што поскоро обновување на државноста со цел на Собранието на Кашмирза да му се вратат целосните законодавни овластувања. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан