• среда, 16 октомври 2024

Индија купува 31 дрон од САД

Индија купува 31 дрон од САД

Њу Делхи, 15 октомври 2024 (МИА) - Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан