• недела, 30 јуни 2024

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус
Њу Делхи, 29 септември 2022 (МИА) - Врховниот суд на Индија денеска пресуди дека на невенчана жена не треба да ѝ се ускрати изборот да абортира во секое време до 24-та недела од бременоста.

Дури и невенчана жена може да абортира до 24 недела, исто како мажена жена, изјави Џастис Д.И. Чандрачуд од индискиот Врховен суд, при тоа потенцирајќи дека отсуството на брачен статус не може да ја лиши жената од правото на абортус.

Законот за медицински прекин на бременоста (МТП) од 1971 година ја ограничи постапката на мажени и разведени жени, вдовици, малолетници, жени со попреченост и ментално болни жени и жртви на сексуален напад или силување. За активистите пресудата на индискиот Врховен суд е пресвртница за правата на Индијките. Судот додаде дека сексуалниот напад на сопругот врз неговата сопруга може да се класифицира како брачно силување според МТП. Индискиот закон не го криминализира силувањето во брак, иако во тек се напори тоа да се промени. ми/

Остани поврзан