• сабота, 05 октомври 2024

Имобиле го продолжи договорот со Лацио до 2025 година

Имобиле го продолжи договорот со Лацио до 2025 година
Рим, 31 август 2020 (МИА) - Напаѓачот Чиро Имобиле го продолжи договорот со Лацио, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клубот. Според директорот за односи со јавноста Стефано де Мартино, договорот со 30-годишниот напаѓач бил потпишан на пет сезони, до 2025 година. Имобиле му се придружи на Лацио од Севиља во 2016 година. Минатата сезона, тој постигна 36 гола во Серија А и ја освои Златната копачка како најдобар стрелец во европските лиги. зс/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан