• недела, 22 декември 2024

Илиевски: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Илиевски: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Скопје, 28 јули 2024 

Денес го објавуваме најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски, министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор.

Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО.

Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма,  фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ.

Одиме понатаму.

По одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата.

Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ сега се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“.

Веќе во 2022 година, фирмата „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година.

Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра?

Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска,  да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари?

Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт?

Зошто Мицкоскки ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата?

СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали.

 

Прес конференција, Методија Илиевски, СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан