ИИХФ ќе се произнесе за учеството на играчите од НХЛ на Олимпијадата во Пекинг
- Претседателот на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) Лук Тардиф рече дека организацијата има намера в среда да даде официјална изјава во врска со учеството на играчите од НХЛ на
Цирих, 10 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) Лук Тардиф рече дека организацијата има намера в среда да даде официјална изјава во врска со учеството на играчите од НХЛ на претстојната Олимпијада.
- Не е доволно да се добие дозвола за учество на Олимпијадата само од Меѓународниот олимписки комитет или Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Единствената можност за учество е дозвола од нивниот клуб или лига. ИИХФ во среда ќе излезе со официјален став околу ова прашање, истакна Тардиф.
Претходно на американската професионална лига - НХЛ се противи на учеството на хокеарите на Олимпијадата во Пекинг.
Олимписките игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари, а турнирот во хокеј за мажи ќе започне на 9 февруари. зс/