Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип
- Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани с
![Изречени 24 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип](https://new.mia.mk/images/20221112025007_big_730x400_51.webp )
Скопје, 13 јануари 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 24 возачи. Од нив осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот. вг/