• понеделник, 23 декември 2024

Дебата НКЕУ-МК: Транспареност, отчетност и интегритет се клучни за работењето на полицијата, неопходна е и оперативна независност

Дебата НКЕУ-МК: Транспареност, отчетност и интегритет се клучни за работењето на полицијата, неопходна е и оперативна независност

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Транспареност, отчетност и интегритет се клучни за работењето на полицијата, а освен тоа неопходна е и оперативна независност. Интегритетот на полициските службеници е значаен аспект во обезбедување поддршка од јавноста, а таа се зајакнува преку долично постапување на полицијата кон граѓаните, а се препорачува МВР да ги следи препораките на ЕУ за јакнење на механизмите за полициско постапување со интегритет, обезбедувајќи транспарентност во работењето. Да се заштити постапката за прием на нови полициски службеници што ќе гарантира дека ќе бидат вклучени најквалитетните кандидати кои ги поминале предвидените критериуми на селекција. Потребно е да се следи и унапредува тестот за интегритет и да се оцени дали постојаното решение ги исполнува потребите заради кои е воведен тестот.

Ова се клучните препораки на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) од 14. сесија на Работната група 4 „Правда, слободи и безбедност“ (Поглавје 24) на тема „Преку професионалност и интегритет до транспарентност и отчетност во полициското работење“.

Професорот на Факултетот за безбедност УКЛО – Битола и експерт на НКЕУ-МК, Трпе Стојановски, посочи дека полицијата мора да биде свесна дека таа постои заради граѓаните, и основните надлежности на полицијата се да обезбеди јавен ред и мир, поредок, безбедност и заштита на имотот на граѓаните и сервисната функција што е извонредно важна за полицијата.

-Ова е прашање кое што задира во еден дел во надлежностите на полицијата што се уште кај нас влечат последици од еден претходен период и полицијата е товарена и со надлежности што реално можеби не треба да бидат под чадорот на полициската организација. Од друга страна, станува збор за општество во кое што се’ повеќе граѓаните се свесни за нивните права и во таа смисла полицијата мора да биде свесна дека она што го работи е на постојан увид и контрола од граѓаните и дека комуникацијата со граѓаните е сериозно прашање на кое што мора да се посвети внимание во сите аспекти на полициската организација, рече Стојановски. 

Тоа, според него, подразбира каков избор за полициски службеници се прави, бидејќи од квалитетен избор може да се направат и квалитетни решенија подоцна, и, вели, ако тука се промаши веќе се’ понатаму е безнадежно.

-Во друг сегмент полицијата покрај тоа што е должна да го спроведува законот и за што има овластувања да применува и сила, исто така многу повеќе енергија треба да вложи во обуки, како и во психолошки подготовки, од кои ќе се очекува полицискиот службеник да биде заштитник на послабите, да укажува помош на оние на коишто им треба и спрема нарушителите да биде исто така без никакви обзири, мора да го спроведува законот максимално, рече Стојановски.

Истакна дека и покрај што во изјавите на министрите, на директорите, на раководителите се зборува за извонредно позитивни оценки за тоа што работи полицијата, таа призма мора да биде прилагодена со очекувањата на граѓаните, бидејќи во центарот на интерес се граѓаните. 

-И уште од старо време, од пред два века модерната полиција се темели на стандарди во коишто полицијата ќе биде толку успешна колку што ќе има одобрување за тоа што го работи од страна на граѓаните. Значи, и законите коишто се носат мора да бидат прилагодени за потребите на граѓаните, рече Стојановски. 

Според него, се уште робуваме на механички решенија на кои граѓаните мора да одат во полициска станица да губат време за кое што едноставно не треба да го прават тоа затоа што поминати се времињата кога со записник, со непосредно присуство мора да се решаваат нештата, додавајќи дека полицијата мора да биде многу повеќе присутна, да ги знае потребите на граѓаните и да нуди решенија.

Од Бернер Малме, од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, кој работи во областа на полициските реформи на Западен Балкан во последните 8 до 10 години, во однос на професионализмот во полицијата, истакна дека раководството мора да биде посветено на сите аспекти на професионализам, транспарентност и отченост.

-Во Северна Македонија навлегуваме во едно ново поглавје, има нова Влада, и слушав дека и тие ја продолжуваат истата практика како и претходно, со тоа што уназадуваат некои од претходните позиции, а други ги унаредуваат, и тоа не е добро ако одиме врз професионалните станарди засновани врз заслуги, рече Малме.

Нагласи дека транспаренноста е суштинско прашање во работењето на полицијата, а тука е и отчетноста.

-Граѓаните на Северна Македонија очекуваат дека полицијата ќе прави грешки, ние не сме 100 проенти безгрешни, но граѓаните очекуваат и дека ќе следи и одговорност, па ако сте работеле лошо, треба да ги процените вашите недостатоци, да учите од грешките, рече Малме, истакнувајќи дека интегритетот е тежок товар во полициското работење, интегритето значи да се направи правилната работа, бидејќи полициски службеник не можете постојано да го направите правилниот чекор, затоа е потребно највисоко ниво на интеритет, рече Малме. 

Нагласи дека во операциите во работењето и во истрагите, не можеме да прифатиме политичко влијание, ниту во прашања поврзани со истрагите, но постои и една рамнотежа, вели, потребен ни е и политички надзор и тоа на прво ниво се прави од Министерството, кое треба да се образува за креирањњто политики.

Го спомена и Извештајот на ГРЕКО за 2023 година, насочен кон шест клучни области подложни на корупција. 

- Северна Македонија се соочи со значителен меѓународен притисок и очекувања за борба против неконтролираната корупција во нејзините институции и политички систем. Европската унија постојано ја истакнува потребата Северна Македонија да постигне значителен напредок во борбата против корупцијата како клучен услов за унапредување на нејзиниот процес за пристапување во ЕУ. САД, исто така, беа гласни во барањето од Северна Македонија да ги интензивира своите антикорупциски напори, рече Малме.

Јавниот обвинител Наум Паноски истакна дека Јавното обвинителство има сериозна и голема улога во јакнењето и враќањето на полицискиот интегритет, особено во делот кога веќе е формирано посебно одделение во рамките на ЈО, односно во рамките на ЈО за гонење организиран криминал и корупција за гонење на полициски службеници како сторители на кривични дела.

-Во последните години откога постои ова одделение навистина имаме сериозни предмети, имаме доста усогласена веќе практика за вакви кривични дела и ако се погледне законот јасно е дефинирано за кои кривични дела може да гони ова одделение, односно јавните обвинители од ова одделение и таму е направена дистинкција за кривични дела сторени од полициски службеници во рамките на нивното професионално постапување народски кажано во работно време и надвор од самото работно време, рече Паноски.

Според него, граѓаните се одважуваат и повеќе пријавуваат кривични дела во рамките на обвинителството отколку како порано во рамките на Одделот за внатрешна контрола и вели оти соработката со МВР во овој дел е на едно солидно ниво.

Марк Диксон, раководител на Одделот за јавна безбедност и контакт со заедницата во ОБСЕ, го нагласи значењто на јавната служба на полицијата во нашите општества. 

-Интегритетот на полицијата значи да се направи правилното нешто за колективното добро, а не за лични цели. Има потреба од полициски надѕор, но уште поважно е што ова лежи врз основите на граѓанскиот надѕор. Насекаде низ светот секое демократско општество и дава уникатна моќ на полицијата легитимна дозвола да употреби сила и полицијата има овлатстување да ги одложи основните човекови слободи, при што може да прекрши и други темелни права, рече Диксон.

Нагласи дека МВР помина значајни структурни рефрми, а еден од процесите, кажа, е да се заврши процесот на правично засновано врз докази и носење одлуки ако се откријат неравилности во работењето. Додаде дека процесот на реформи не е брз, но е тековен процес.

-Во моето долгогодишно работење овде сум бил сведок дека дисциплинските постапки се служат како оружје особено ако земјата е силно политизирана, и се поставува прашањето како правилно да го направиме одој процес, нагласи Диксон.

Микаел Коскениеми, проектен менаџер – „Полициско работење во заедницата во Северна Македонија“, кажа дека полицијата мора да ги почитува човековите права особено оние кои се главен белег на демократијата.

-Полицијата мора да дава отчет на законот, а не на владата, а третиот столб значи дека полицијата мора да биде отчетна кон надворешни власти кои имаат овластувања да ја регулираат полициската активност  - Народниот правобранител, ЈО, судските комисии, рече Коскениеми.

Додаде дека граѓанските организации се засегнати страни и клучни за промовирање на транспаретноста на полицијата, нагласувајќи дека со цел да се зајакне довербата, полицијата мора да спроведува високи етички стандарди, односно да го почитува етичкиот кодекс којшто ги подвлекува највисоките стандарди, подобрување на транспаретноста преку отворена комуникација, спроведување јавни расправи...

Милева Ѓуровска професорка на Филозофскиот факултет при УКИМ и Национална координаторка на НКЕУ-МК, истакна дека професионалноста и интегритетот на полицијата се исклучително значајни во полициското работење, особено во современите општествени услови на примена на информатички технологии, виртуелните комуникации и трансакции, глобалната поврзаност. 

-Миграциите, зголемените закани од тероризам, организиран криминал и други закани во кои учествува толпа. Заканите од ваков вид значително го зголемија милитаристичкиот аспект на полицијата. Меѓутоа, во рамките на ЕУ, забележливи се силни инцијативи за одмерена употреба на моќ од страна на полицијата бидејќи таа поседува монопол на употреба на сила. Не треба да се заборави дека меѓу виталните задачи на полицијата е да ги заштити јавните ресурси од различни злоупотреби, но пред се од корупцијата и организираниот криминал кои вршат целосна ерозија на вредностите, рече Ѓуровска.

Никола Дујовски професор на Факултетот за безбедност УКЛО-Битола, рече дека ретко се зборува за темата интегритет во полициското работење. 

-Интеритетот почнува од процесот на селекција, начинот на прием во МВР, системот на развој на кариера, следење на активностите на дневна основа, и начинот на кој лицата заминуваат во пензија – цел овој процес можеме да го наречеме полициски интегритет, рече Дујовски. Но најмногу се однесува на перцепциите на јавноста, ефектите од полициското работење и довербата кај јавноста 

Градењето на полицискиот интегритет, додаде, се заснова на четири претпоставки – дефинирање на прашања кои треба да бидат разјаснети, доставување докази за различни видови неетичко однесување на полициски службеници, анализа на методите кои се користат да се истражи недостигот на полициски интегритет, како и предлози за новиот пристап што треба да се користи за зголемување на полицискиот интегритет. 

Ги нагласи и оперативната независност на полицијата, департизацијата и деполитизацијата на МВР. Додаде и дека полицијата се соочува со недостиг на човечки реусрси, а интересот на младите е се помал а тука придонесува и одливот на пензионирање. Како значајно го постави и прашањето како МВР ги троши буџетските пари. нд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан