• петок, 04 октомври 2024

Израел тврди дека убил 15 милитанти на Хезболах во јужен Либан

Израел тврди дека убил 15 милитанти на Хезболах во јужен Либан

Тел Авив, 3 октомври 2024 (МИА) – Израелската војска соопшти дека денеска убила 15 милитанти на Хезболах во јужен Либан и го бомбардирала Бејрут откако нејзините сили го претрпеа најсмртоносниот ден на либанскиот фронт во една година конфликт со групата поддржана од Иран.

Израел, кој речиси една година се бори со Хамас во Газа, испрати војници во јужен Либан по две недели интензивни воздушни напади.

ИДФ денеска соопшти дека го во нападите пред три месеци го „елиминирала“ Рави Муштаха, шеф на владата на Хамас во Газа, заедно со високите безбедносни функционери Самех ал-Сираџ и Сами Оудех во нападите пред три месеци.

Во Либан, во воздушен напад врз општинска зграда во јужниот либански град Бинт Џбеил загинаа 15 членови на Хезболах, соопшти Израел.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во нападот во Бејрут се искачи на девет, а Исламската здравствена управа, група за цивилна одбрана поврзана со Хезболах, соопшти дека седуммина нејзини вработени се убиени, вклучително и две медицински лица. јт/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан