• петок, 22 ноември 2024

Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил во ЕУ

Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил во ЕУ

Брисел, 4 октомври 2024 (МИА) - Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека полот и националноста се доволни за да им се даде азил на жените од Авганистан, каде владејачките талибанци сериозно ги ограничија нивните права. 

Британските медиуми пренесуваат дека пресудата е донесена откако властите во Австрија одбиле статус на бегалци на две жени од Авганистан, кои поднеле барање за азил во 2015 и 2020 година. Тие го оспорија одбивањето на азил пред австрискиот Врховен административен суд, кој потоа побара одлука од Европскиот суд на правдата, како највисока судска инстанца во Европската унија. 

„Непотребно е да се утврдува дали постои ризик подносителот на барањето за азил навистина и конкретно да биде предмет на прогон доколку се врати во својата земја на потекло. Доволно е да се земат предвид неговата националност и пол“, соопшти Европскиот суд на правдата. 

Австрискиот министер за внатрешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар на пресудата. 

Откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година, тие укинаа многу од правата на жените, вклучително и ограничувања во сферата на образование.

Талбанците во август промовираа долга низа правила во согласност со исламскиот закон, чие почитување го надгледува Министерството за морал, кое соопшти дека уапсило илјадници луѓе поради нивното кршење. 

Одделот за човекови права на Обединетите нации ги повика талибанците да ги повлечат „овие досега незабележени“ закони кои се закануваат да ги претворат жените во сенки. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан