Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади
- Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради иранскиот напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми.
![Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади](https://new.mia.mk/images/20240414082149_big_730x400_86.webp )
Ерусалим, 14 април 2024 (МИА) - Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради иранскиот напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми.
Во соопштението на израелските аеродромски власти се вели дека израелскиот воздушен простор е повторно отворен, но на патниците од Тел Авив им се советува да го проверат распоредот на летовите поради нарушување на распоредот на летови. паг/
Фото: МИА архива