• понеделник, 23 декември 2024

Израел води тајни преговори со Конго за прифат на бегалци од Појасот Газа

Израел води тајни преговори со Конго за прифат на бегалци од Појасот Газа

Ерусалим, 3 јануари 2024 (МИА) - Израелските власти водеа тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

-Конго е подготвен да прифати бегалци, но ние сме во преговори и со други, потврдил висок функционер на израелската служба за безбедност, пренесува Тајмс оф Израел. 

Министерот за разузнавање Гил Гамлиел, вчера во Кнесетот изјави дека на крајот на војната, владата на Хамас ќе пропадне, нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош. Велејќи дека омразата (на Израел) ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време, тој додаде дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.

-Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам, рече Гамлијел.

Официјален Вашингтон вчера ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагањето за преселување на Палестинците од Газа.

-Оваа реторика е запалива и неодговорна, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан