• сабота, 17 август 2024

Израелските доселеници убија еден Палестинец во Западен Брег

Израелските доселеници убија еден Палестинец во Западен Брег

Рамала, 16 август 2024 (МИА) – При напад на израелските доселеници во селото Џит, Западен Брег загина еден човек, а друг е тешко повреден. Исто така запалени се десетина автомобили и куќи, соопштија локалните власти.

Израелската армија соопшти дека интервенирале полициски и воени единици и уапсиле еден Израелец. Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и лидерот на опозицијата Јаир Лапид, го осудија нападот на доселениците врз Палестинците.

Палестинците постојано ги обвинуваат израелските безбедносни сили дека им дозволуваат на израелските доселеници да ги напаѓаат палестинските домови и села, а САД и бројни европски земји воведоа санкции за насилните доселеници и постојано го повикаа Израел да ги спречи нападите.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, на окупираниот Западен Брег израелските војници и доселеници убија најмалку 620 луѓе, а неколку стотици Палестинци се водат како исчезнати. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан