• петок, 22 ноември 2024

Израелските вооружени сили соопштија дека ноќеска спречиле ракетен напад на Хезболах

Израелските вооружени сили соопштија дека ноќеска спречиле ракетен напад на Хезболах

Ерусалим, 23 октомври 2023 (МИА) - Израелските вооружени сили денеска соопштија дека синоќа спречиле планиран ракетен напад на либанската шиитска воена група Хезболах, јави ДПА.

Во соопштението на израелските одбранбени сили, објавено на X (до неодамна Твитер), се вели дека тие ја погодиле „терористичката инфраструктура на Хезболах во Либан, вклучувајќи воена локација и набљудувачка станица“.

Исто така се додава дека биле погодени „четири терористички ќелии на Хезболах кои дејствуваат долж границата со Либан“.

Според израелските одбранбени сили, ќелиите имале намера да истрелаат противтенковска ракета кон израелскиот град Шломи.

Откако Израел започна масовна кампања на воздушни напади во Појасот Газа како одговор на нападите извршени од Хамас на 7 октомври, инцидентите на насилство долж границата меѓу Израел и јужен Либан, кој е под контрола на Хезболах, се зголемени

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Хезболах да не отвора втор фронт во конфликтот со владејачкиот Хамас во Газа, бидејќи тоа би била „животна грешка“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан