• среда, 17 јули 2024

Израелска војска: Околу 90 проектили истрелани од Либан кон северен Израел, неколку пресретнати

Израелска војска: Околу 90 проектили истрелани од Либан кон северен Израел, неколку пресретнати

Ерусалим, 12 јуни 2024 (МИА) - Израелската војска соопшти дека околу 90 проектили биле истрелани денеска од Либан кон северен Израел, откако во израелски напад претходниот ден во јужен Либан беше убиен висок командант на Хезболах.

„Беа идентификувани приближно 90 проектили кои минуваа од Либан“, се вели во соопштението на војската, во кое се додава дека неколку биле пресретнати, но други биле погодени во северниот дел на Израел, предизвикувајќи пожари во некои области. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан