• среда, 21 август 2024

Израелска армија соопшти дека од Либан кон Израел биле истрелани 40 ракети

Израелска армија соопшти дека од Либан кон Израел биле истрелани 40 ракети

Тел Авив, 20 август 2024 (МИА) – Околу 40 ракети биле истрелани утрово од Либан кон Горна Галилеја и Голанската Висорамнина, соопшти израелската армија.

Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема извештаи за повредени, пишува Тајмс оф Израел.

Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко на либанска територија.

Во тој напад е убиен истакнат оперативец на Хезболах, информира израелскиот портал. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан