• понеделник, 23 декември 2024

Израелската војска уби најмалку четворица Палестинци

Израелската војска уби најмалку четворица Палестинци
Ерусалим, 7 февруари 2020 (МИА) - Најмалку четворица Палестинци се убиени во израелски напад во изминатите 24 часа, а десетици се повредени по зголемените тензии во окупираниот Западен Брег. Израелските сили вчера убија двајца Палестинци за време на демонстрациите против уривање палестинска куќа во Јенин.
Израелската војска соопшти дека е урната куќата на Ахмад Кванбе, Палестинец кој е обвинет за помагање на Хамас на Западниот брег. До ескалација дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го најави мировниот план за Блискиот исток, за кој аналитичарите велат дека во голема мерка е наклонет кон Израел, поради што Палестинците го одбија. Планот на Трамп повикува на создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим, но од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледаат, како што се еврејските населби на Западниот брег. паг/

Остани поврзан