Израелската војска соопшти дека почнала нови копнени операции во Газа
- Израелската војска денеска соопшти дека почнала серија копнени операции во централна и јужна Газа „во текот на изминатиот ден“ за да се создаде тампон зона помеѓу северот и југот на палестинската територија разурната од војна.

Газа, 19 март 2025 (МИА) – Израелската војска денеска соопшти дека почнала серија копнени операции во централна и јужна Газа „во текот на изминатиот ден“ за да се создаде тампон зона помеѓу северот и југот на палестинската територија разурната од војна.
Дел од операцијата вклучува проширување на нејзината контрола понатаму кон центарот во она што е познато како коридор Нецарим. Идејата е да се прошири безбедносната зона, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на својот канал на Телеграм, пренесе ДПА.
- ИДФ ќе продолжи да дејствува против терористичките организации во Појасот Газа со цел да ги заштити граѓаните на државата Израел, се вели во соопштението.
Војската одлучи да стационира бригада во својата јужна командна област. Единицата „ќе остане подготвена за операции во Појасот Газа“, соопшти ИДФ.
Ова доаѓа откако Израел рано вчера почна серија масовни воздушни напади врз Газа, при што загинаа стотици луѓе и го уништи кревкиот прекин на огнот со палестинската екстремистичка група Хамас што беше воспоставен од средината на јануари. јт/
Фото: ЕПА