• четврток, 07 ноември 2024

Израелската армија ослободи заложник на Хамас

Израелската армија ослободи заложник на Хамас

Тел Авив, 27 август 2024 (МИА) – Израелските сили во „сложена операција за спасување“ во јужниот дел на Појасот Газа ослободија заложник по повеќе од 10 месеци откако беше киднапиран од припадници на Хамас.

Ослободен е 52-годишниот Каид Фархан Алкади, припадник на бедуинската заедница во јужен Израел. Тој е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

Алкади беше киднапиран од кибуцот Маген, една од бројните заедници околу Појасот Газа кои беа нападнати од борците предводени од Хамас на 7 октомври минатата година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан