• недела, 22 декември 2024

Израелската армија наводно зазела село во јужен Либан

Израелската армија наводно зазела село во јужен Либан

Бејрут, 17 октомври 2024 (МИА) – Израелските војници презедоа уште еден град во Либан како дел од нивната копнена офанзива, пренесе ДПА повикувајќи се на „извештаи на медиуми“.

Војници поставиле израелско знаме во селото Аита ал Шаб, јави израелската телевизија Канал 12. Станицата објави и видео на кое се гледа како знамето се вее на кула опкружена со оштетени и уништени згради.

Селото се наоѓа во јужен Либан, веднаш зад линијата на демаркација со Израел.

Информацијата не може да биде независно проверена и нема официјална потврда ниту од Израел, ниту од Либан. Израелската армија објавува малку информации за одредени движења на војниците.

Според ДПА, Канал 12 се смета за сигурен поради добрите контакти со израелската војска. Минатата недела, каналот емитуваше видео на кое се гледа како израелски војници поставуваат израелско знаме над урнатините во градот Марун ал Рас. јт/

Фото: Скриншот

Остани поврзан