• недела, 22 декември 2024

Изов: Одигравме квалитетни натпревари на турнирот во Турција

Изов: Одигравме квалитетни натпревари на турнирот во Турција

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) – Селекторот Кирил Изов позитивно го оцени настапот на македонската женска фудбалска репрезентација на меѓународниот турнир во Турција.

Македонските фудбалерки во рамки на „Туркиш куп Аланија 2023“ претрпеа минатата недела минимални порази од Замбија (0-1) и Бугарија (1-2), а одиграа нерешено (1-1) против Естонија.

-Задоволен сум од подготовките и настапот на моите фудбалерки на контролниот турнир во Аланија, Турција Одигравме мотивирано, квалитетно на сите три натпревари против силни противници. Од Замбија и Бугарија претрпевме два несреќни порази со голови примени во последните минути, додека со незгодната селекција на Естонија одигравме нерешено, истакна Изов во изјава за официјалниот сајт на ФФМ.

Во македонскиот состав на турнирот во Аланија се најдоа неколку млади фудбалерки, кои според селекторот ја оправдале довербата.

„На овие натпревари можност добија млади фудбалерки кои беа повикани на овие подготовки и максимално ја оправдаа укажаната доверба. Задоволен сум од нивниот настап, во иднина може да придонесат многу за сениорскиот тим“, посочи Изов.

За најдобар играч од средниот ред на турнирот беше прогласена македонската капитенка Наташа Андонова. ег/дма/

 

Фото: ФФМ

Остани поврзан