• сабота, 23 ноември 2024

Изминатото деноноќие во Велес немало прекршување на полицискиот час

Изминатото деноноќие во Велес немало прекршување на полицискиот час

Велес, 11 мај 2020 (МИА) - Како што информираат од СВР Велес, изминативе 24 часа на територијата на Велес, Кавадарци и Неготино немало прекршување на полицискиот час. Но, затоа вчера имало двајца, по еден во Велес и еден во Неготино. Најмногу прекршувања изминатиот викенд имало ноќта меѓу петок и сабота, и тоа тројца во Велес и двајца во Неготино. Во Кавадарци полицијата на евидентирала прекршители.

Според информацијата од портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во петокот спрема сабота  има нови 39 лица со решенија за изолација, и пет со изјава са самоизолација, сите во Велес. Вчера немало нови регистрирани лица со решенија за изолација, а со изјава за самоизолација има три лица и тоа едно во Кавадарци и двајца во Неготино.

Изминатото деноноќие, од вчера до утрово до 5 часот, во овој период има 19 нови регистрирани лица со решенија за изолација и сите се во Велес, а со изјава за самоизолација има две лица, двете во Велес.

Вкупно со решение во изолација има 161 лице, од кои 156 во Велес, пет во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 45 лица, од кои 29 во Велес, девет во Кавадарци и седум во Неготино.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.ад/бт/

Остани поврзан