• понеделник, 23 декември 2024

Костовски: Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел

Костовски: Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР на РМ) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел.

Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.

- Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.

Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице. љм/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан