• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба на слики од Илија Дојков вечерва во Кавадарци

Изложба на слики од Илија Дојков вечерва во Кавадарци

Кавадарци, 5 април 2025 (МИА) - Изложба на слики од Илија Дојков ќе биде отворена вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци. 

- Илија Дојков е дипломиран графички дизајнер кој активно се изразува и во традиционалната уметност, вклучувајќи сликарство, цртеж, фотографија и тетовирање. Во неговото творештво преовладува играта на светлина и сенка, преку која ја истражува човечката природа, идентитетот и границите на општествените норми, соопштија од кавадаречкиот музеј. 

Оттаму појаснија дека тој завршил средно  училиште за ликовна уметност и дизајн, смер графика, а дипломирал дизајн и мултимедија, графички дизајн.

Неговите дела биле дел од повеќе изложби.свд/бт/

Фото: плакат за настан 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан