• понеделник, 23 декември 2024

Изложба на олдтајмери во рамките на велешка „Питијада“ 2024

Изложба на олдтајмери во рамките на велешка „Питијада“ 2024

Велес, 12 октомври 2024 (МИА) - Во рамките на фестивалот на велешка пита и македонски вина „Питијада“ 2024 денеска долж главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес беше претставена изложба на стари автомобили-олдтајмери во организација на здружението "Kings of the streets", со поддршка на организаторот Општина Велес. На изложбата беа претставени 56 стари автомобили олдајмери од 50- те, 60-те, 70-те и 80-тите години на минатиот век возени низ македонските улици.

Претседателот на здружението "Kings of the streets", Ристо Мулев за МИА, информира дека на изложбата се претставени олдтајмери од колекциите на нивните колеги од Велес,  Скопје, Македонска Каменица, Кочани, Струмица како и олдтајмери од Врање и Ниш од Србија и од реонот на Осиек во Хрватска и од градот Пирин од Бугарија.

Мулев, потенцира дека целта на изложбата е да се збогати програмата на „Питијадата“ 2024 во текот на денот кога нема забавна програма, а воедно најмладите да се запознаат со возилата на нивните дедовци, а постарите да се присетат на популарните „фиќо“, „застава 101“, „спачак“, „дијана“, „буба“ и многу автомобили возени во времето на нивната младост.

-Целтта на изложбата е посетители да видат една историја на автомобилизмот од минатиот век. Односно какви се автомобили се возеле по македонските улици. Нашата цел како љубители на олдтајмери е да ги реновираме и зачуваме, потенцира Мулев.

Првата изложба на олдтајмери во рамки на велешката „Питијада“ беше организирана во 2016 година, а еден од иницијатирите беше Борче Мирчевски кој почина во сообраќајна несреќа пред неколку годоини. Неговиот татко, синовите и сопругата, денеска донесоа два автомобили од неговата колекција меѓу кои и неговиот омилен „капри“. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан